Најмалку 12 лица се повредени во пукање што се случило за време на фестивалот „Олд Вест Енд“ во Толедо, Охајо. Инцидентот се случил синоќа околу 23 часот по локално време, кога полицијата помагала во разотидување на посетителите по завршувањето на настанот.
Според полицискиот извештај, десет лица се здобиле со прострелни рани, додека уште две лица се повредени при бегство од местото на настанот. Повредените се на возраст од 16 до 51 година.
Две од повредените лица се во критична состојба. Фестивалот „Олд Вест Енд“ важи за еден од најголемите во регионот и годинава го одбележа својот 51-годишен јубилеј.
Засега нема приведени лица, а полицијата соопшти дека истрагата е во тек.
The post Инцидент во Толедо: Ранети десетици луѓе по завршување на фестивал appeared first on Скопско ЕХО.