Полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров денеска го лишиле од слобода Г.А. (43) од скопското село Шишево, откако бил пријавен дека пукал со огнено оружје кон свој соселанец и му нанел повреда.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, околу 16:10 часот И.Ш. од Шишево пријавил дека на влезот во селото бил пресретнат од Г.А. и С.А., по што Г.А. извадил пиштол и испукал кон него.
При инцидентот, пријавителот се здобил со повреда во пределот на увото.
По добиената пријава, полициските службеници веднаш презеле мерки и активности и го привеле осомничениот.
Од МВР информираат дека по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
The post Инцидент во Шишево: Маж повреден во увото по пукање со пиштол appeared first on Прва Скопска ТВ.