Шеесет и деветгодишна жителка на Скопје пријавила во полиција дека била физички нападната од своја роднина по недоразбирање околу имотно-правни односи.Според Министерството за внатрешни работи, Е.Ч. (69) на 27 јули во 15:50 часот пријавила дека нападот се случил два дена претходно, околу 17:00 часот, на подрачјето на Ѓорче Петров.Како што навела, по претходна расправија поврзана со имотни прашања, физички била нападната од С.К., со која се во роднинска врска.Од МВР информираат дека по целосно до