Шумските пожари што ги зафатија Шпанија и Франција деновиве проголтаа илјадници хектри шума.  Француските власти денес евакуираа илјадници луѓе од предградијата во близина на Бордо, бидејќи шумските пожари во областите околу градот не покажуваат знаци на смирување, објави новинската агенција Ројтерс.

Шумскте пожари пак што беснееја околу Мадрид и во остатокот од земјата, според шпанската државна метеоролошка служба, Аемет, ризикот од пожари денес ќе биде помал отколку во претходните денови низ западните и централните делови на Шпанија. Ризикот од пожари, според Аемет, ќе остане на многу високи нивоа низ другите делови од Шпанија, па дури и ќе достигне екстремни нивоа на североисток и исток.

Софи Брокас, која раководи со локалната администрација на Ла Нувел-Аквитанија и де ла Жиронд, која го опфаќа регионот Бордо, изјави на X дека областите Ле Аилан, Езин и Мерињак се расчистуваат.

Францускиот премиер Себастијан Лекорну изјави дека повеќе од 141.000 луѓе досега се евакуирани од регионите Жиронд и Ланд, кои се наоѓаат во близина на Бордо, и каде што шумските пожари првпат избувнаа оваа недела, пренесе Гардијан.

-Пожарите што ја погодуваат нашата земја достигнаа ниво какво што никогаш порано не е видено, напиша Лекорну на X во саботата. Француската армија, исто така, е повикана да помогне.

Спенсер Рандал, турист кој бил во Бискарос со своето семејство го опишал обемот на пожарот во близина на Бордо како застрашувачки.

-Со силата на ветерот и бескрајната борова шума, тешко е да се види крај на пожарите. Застрашувачки е. Доста силни ветрови ги разгоруваат пламените јазици, едноставно застрашувачки, вели Спенсер Рандал.

Според шпанското Министерство за животна средина, досега оваа година во Шпанија имало 32 големи пожари, во споредба со седум во истиот период лани.  Од први јануари до 25 јули годинава 131.113 хектари земјиште во Шпанија се изгорени во пожари. Бројката за истиот период лани изнесувала 24.133 хектари.

Шпанскиот премиер Педро Санчез направи остра објава дека 130.000 хектари, или 321.000 акри, земја веќе се изгорени од јануари – надминувајќи го годишниот просек од сто илјади хектари во последната деценија.

Шумските пожари што беснеат западно од Мадрид го натераа Санчез да го повтори својот повик за национален пакт против климатската криза, повикувајќи на координиран одговор на растечката закана што ја претставуваат климатските промени, објави Би-Би-Си.