По регистрираните случаи на мали сипаници во дел од соседните земји, Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) упати апел до граѓаните во Македонија да го проверат својот вакцинален статус и статусот на своите деца, како и да ги надоместат пропуштените дози од МРП-вакцината.Од Институтот посочуваат дека недоволниот опфат со оваа вакцина во Македонија бара зголемена претпазливост и навремено преземање превентивни мерки. Особено важно е децата да ги примат двете дози од МРП-вакцината, која штити од мали с