Жителите на дел од општина Центар утре, 10 ноември (вторник), ќе останат без вода поради изведување водоводен приклучок на улицата „29 Ноември“ бр. 53.Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“, прекинот ќе започне во 10 часот и ќе ги опфати корисниците од дел од улицата „29 Ноември“, како и потегот од улицата „Васил Стефановски“ до „Борка Талевски“.Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности и санирање на дефектот.