Вчера во гостиварската општа болница лекарска помош поради стомачни болки и висока темпертура побарале 86 лица, а во здравствениот дом во Гостивар 39 заболени. Според потадоците од Министерството за здравство ова е благо зголемување во однос на петокот, односно ако во петокот и во двете здравствени установи помош побарале 80 луѓе, вчера таа бројка била 125.

Сепак од Министерството за здравство нагласуваат дека ова е неколку кратно пома број на забаолени во однос на 18 јули кога се забележани и најголем број заболени, односно 649 луѓе, а во недеата на 19-ти 564 лица се ппожалиле на висока температура, пролив, повраќање и малаксаност. На

Во Гостивар минатата недела Центарот за јавно здравје Тетово прогласи епидемија, бидејќи водата во градскиот водовод е загадена со колиформни бактерии. Состојбата со затруената вода беше обелоденета пред две недели, кога по наредба на Јавното обвинителство од Гостивар во соработка со Министерството за внатрешни работи екипи од Институтот за јавно здравје, од Агенцијата за храна и ветеринарство земаа мостри од водаа од градскиот водовд. Тогаш обвинителството излезе со сомнение дека Општина Гостивар и јавното претпријатие „Водовод“  ја загадиле водата за пиење, бидејќи ставиле три пумпи на отвореното корито за отпадни води и потоа ги поврзале на главниот цевковод од водоводната мрежа во Гостивар.

Државниот инспекторат за животна средина при увидот на терен констатирал дека пумпите се постаени на диво, односно Општината и нејзиното претпријатие не побарале дозвола од Управата за животна средина при Министерството.

Во меѓувреме директорката на гостиварски „Водовод“ Артана Асани заедно со  заедно со техничкиот директор Леон Нуредини и раководителот на водоводот Вадедин Дервиши, беа упасени за загадување на водата за пиење.

Премиерот Христијан Мицкоски денес во одговор на новирнарско прашање рече дека гостиварчани утре ќе добијат технички исправна вода за пиење, бидејќи резултатите од последните аналии се добри.

-Екипи од ЈП„Водовод и канализција“ од Скопје се веќе во Гостивар и работат на хиперхлорирање. Резултатите се добри и оечкувам денес, но ајде да бидеме конзервативни и да речам утре гостиварчани ќе добијат технички исправна вода за пиење, изјави Мискоски.