Амбасадорите на земјите членки на Европската Унија денеска повторно ќе се обидат да постигнат конечен договор за 21. пакет санкции против Русија. Иако по заминувањето на Виктор Орбан од власт во Унгарија се очекуваше полесен договор, неколку земји членки побараа ублажување на дел од предложените мерки за да ги заштитат сопствените економски интереси, пишува „Политико“.Според медиумот, Грција се спротивставила на предлогот со кој на компании од ЕУ би им се забранило да превезуваат руски течен при