Новата телевизиска адаптација на светот на Хари Потер носи голема промена во долгогодишната стратегија на HBO за емитување на своите најважни серии.Мрежата, која со децении го користи неделниот вечерен термин за премиери на своите најголеми продукции, овојпат одлучи да направи исклучок. Наместо во недела, првата сезона од серијата „Хари Потер“ ќе премиерно се емитува на Божик – и тоа во петок.Од времето на „Сопранови“, па сѐ до глобалните хитови како „Игра на тронови“, „Куќата на змејот“, „The Last of Us“, „Белиот лотос“ и „Еуфорија“, неделата беше резервирана за најпрестижните и најскапи продукции на HBO.Тој термин со години се сметаше за највредниот телевизиски простор, бидејќи токму тогаш гледачите најмасовно ги следат новите епизоди, а реакциите на социјалните мрежи започнуваат веднаш по емитувањето.Но, со новата серија за Хари Потер, HBO покажува дека се прилагодува на ерата на стриминг-платформите и променетите навики на публиката.Првата сезона ќе биде базирана на романот „Хари Потер и Каменот на мудроста“ и ќе го означи почетокот на амбициозниот проект за телевизиска адаптација на една од најуспешните книжевни и филмски франшизи во светот.Според медиумските анализи, изборот на петок како термин за премиера е дел од поширока стратегија насочена кон глобалната публика и новите модели на консумирање содржини, каде гледачите сѐ почесто сами го избираат времето кога ќе ја следат омилената серија.Серијата за Хари Потер е меѓу најочекуваните телевизиски проекти на HBO во наредните години и уште пред почетокот успеа да ја промени една од најдолговечните традиции на телевизиската мрежа.