
Утринава, за време на невреме што зафати делови од Кварнер, гром удри жена на островот Крк во Хрватска. Жената е пренесена во Клиничкиот болнички центар (КБЦ) во Риека и е сместена на одделот за интензивна нега, потврдија од таа здравствена установа.
Како што се дознава, несреќата се случила околу 7:10 часот наутро на плажата во Башка.
Громот ја удрил додека таа носела чадор, а прва помош ѝ пружил спасувач на плажата, по што со хеликоптер на итната медицинска помош била пренесена во болницата во Риека.
Според неофицијални информации, станува збор за државјанка на Чешка.
Текстот Гром удри жена на плажа во Хрватска – носеше чадор за сонце е превземен од А1он.