
Грција започна јавна кампања насочена кон македонските граѓани кои имаат грчко потекло и би можеле да ги исполнуваат условите за добивање грчко државјанство.
„Грција има потреба од вас. Зајакнете ја вашата врска со вашата татковина“, пишува во објавата на Амбасадата на Грција во Скопје.
Во објавата се посочува дека граѓаните можат да најдат информации за условите, потребната документација и основните чекори за аплицирање за грчко државјанство врз основа на потекло, преку родител или баба и дедо со грчко потекло.
Постапката започнува во грчкиот конзулат надлежен за местото на живеење, каде што заинтересираните можат да добијат дополнителни насоки и информации за секоја фаза од процесот.
Од Амбасадата ги повикуваат македонските граѓани да се информираат и да проверат дали ги исполнуваат законските услови за стекнување грчко државјанство, а воедно упатуваат и кон официјални извори со дополнителни информации за постапката.
The post ГРЦИЈА НУДИ ДРЖАВЈАНСТВA ЗА МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ СО ГРЧКО ПОТЕКЛО Грчката амбасада објаснува каква е постапката appeared first on plusinfo.mk.