Голем шумски пожар избувна денес во областа Милаки на грчкиот остров Евија, а во гаснењето учествуваат 28 пожарникари со девет возила, додека од воздух работат седум авиони и еден хеликоптер, објавија грчките медиуми.

Локалното население добило СМС-порака за пожарот од надлежната служба 112, објави Катимерини.

Пожарот избувнал денес во шумскиот предел Милаки, а во неговата близина има неколку расфрлани куќи.

На противпожарната бригада во гаснењето на пожарот ѝ помагаат и цистерни за вода од општината Алиберио-Кими.

Според Противпожарната служба, членови на Истражниот тим за палења во Пиреја се на лице место за да ги испитаат причините за пожарот.

Текстот Грција: Голем шумски пожар избувна на островот Евија е превземен од А1он.