„Тоа е една толку едноставна и стара операција кои што ја правеа дунѓери, ѕидари од пред повеќе од еден век, а камоли во поново време“, истакнува архитектот Мирослав Грчев за откорнатите покриви во Скопје при завчерашното невреме, додавајќи дека кога иделе по градилишта за да го изучат занаетот како млади, забележувале дека како што идело времето, така се одбегнува закачувањето на покривите на конструкцијата и се мисли сосема неодговорно и плиткоумно дека самата тежина на покривот го држи.

Според архитектот, општа е приказната дека се гради со фушерај и со помалку контрола и помалку се почитуваат стандардите во самата градба.

Грчев: Кога зборуваме за силни ветрови од 130 км/час, секој школски закачен покрив на бетонска конструкција може да издржи било какво невреме