Општина Струмица ги повика граѓаните кои претрпеле штети од поројниот дожд, поплавите и силниот ветер на 20 и 21 јули да поднесат барање за процена на штетата најдоцна до 31 јули 2026 година.
Барањата се доставуваат до општинската Комисија за процена и утврдување на висината на штетите настанати од природни непогоди и други несреќи. Образецот може да се подигне во просториите на Општина Струмица или да се преземе преку линк на општинската веб-страница.
Кон барањето треба да се приложат:
- имотен лист на име на барателот, не постар од шест месеци, договор за закуп доколку имотот се користи под закуп или решение од оставинска постапка;
- нотарски заверена изјава дека оштетениот имот или објект не е осигурен;
- копија од личната карта и трансакциската сметка на барателот.
Од Општината нагласуваат дека оштетениот објект мора да биде запишан во имотниот лист. Земјоделското земјиште треба да биде заведено како нива, а доколку станува збор за овоштарник, тоа мора да биде наведено и во имотниот лист.
Барањата што не ги исполнуваат овие услови нема да бидат разгледувани и за нив нема да се врши процена на штетата.
Комисијата ќе постапува по поднесените барања во согласност со законските прописи.
The post Граѓаните на општина Струмица можат да пријават штети од невремето до 31 јули appeared first on Radio StrumicaNet.