Последиците од невремето врз електродистрибутивната мрежа сè уште се видливи на терен, соопшти Електродистрибуција. Од компанијата апелираат граѓаните да не се приближуваат до паднатите бандери и столбови за пренос на електрична енергија.

„Евидентирани се повеќе паднати и скинати проводници, предизвикани од паднати гранки, делови од кровови и фасади, како и од силниот ветер. Иако дел од нив во моментов не се под напон, по повторното воспоставување на напојувањето можат да станат опасни. Ги повикуваме граѓаните да не се приближуваат и да не ги допираат паднатите проводници, туку веднаш да ги пријават до надлежните служби. Безбедноста е најважна!
Ве молиме бидете внимателни додека траат активностите за санирање на штетите и следете ги упатствата на надлежните служби“, соопшти Електродистрибуција.

The post ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ СЕ ПРИБЛИЖУВААТ ДО ПАДНАТИТЕ СТОЛБОВИ ЗА СТРУЈА Апел од Електродистрибуција appeared first on plusinfo.mk.