Во Градската уметничка галерија во Струмица, на 8 јуни (понеделник) со почеток во 12:00 часот, ќе биде отворена изложбата „Градот во илјада приказни“, посветена на творештвото на млади автори инспирирани од богатото културно и уметничко наследство.
Изложбата е дел од иницијативата „Млади уметници инспирирани од мајсторите“, чија цел е да ги претстави делата на младите творци кои преку својата креативност го доловуваат духот на градот, неговата историја и современото живеење.
Преку различни уметнички изрази, младите автори ја преточуваат својата визија за Струмица во дела кои ја отсликуваат нејзината препознатливост, културна традиција и секојдневна динамика, притоа црпејќи инспирација од еминентни уметнички имиња.
Настанот има за цел да обезбеди простор за поддршка и афирмација на младите уметници, но и да ѝ овозможи на пошироката јавност да се запознае со нивниот талент, креативност и уметничка перспектива.
Од Општина Струмица ги покануваат граѓаните, љубителите на уметноста да присуствуваат на отворањето на изложбата и да бидат дел од овој културен настан.
The post „Градот во илјада приказни“ – изложба на млади автори во Градската уметничка галерија во Струмица appeared first on Radio StrumicaNet.