Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Струмица денеска (недела, 26 јули), во 13:45 часот, интервенираше на пожар што избувнал на запалени стрништа и сува трева во атарот на селото Добрејци.

Во интервенцијата биле ангажирани три противпожарни возила и седум пожарникари-спасители, кои со брза и ефикасна реакција успеале да го локализираат и изгаснат пожарот.

Благодарение на навремената интервенција, спречено е понатамошното ширење на огнот и предизвикување на поголеми материјални и еколошки штети.

The post Гореше стрништа и сува трева кај Добрејци appeared first on Radio StrumicaNet.