Струмичките пожарникари синоќа во 23:30 часот интервенирале на пожар што зафатил кровна конструкција на семејна куќа во Турново.
Во интервенцијата учествувале 10 пожарникари-спасители со три противпожарни возила. Благодарение на брзата и координирана реакција, пожарот бил ставен под контрола, а поголем дел од кровот бил спасен.
Од ТППЕ Струмица информираат дека било спречено ширењето на огнот кон останатиот дел од куќата и кон соседните објекти. Интервенцијата завршила успешно, без повредени и човечки жртви.

The post Гореше кров од куќа: Струмичките пожарникари спречија ширење на огнот appeared first on Radio StrumicaNet.