Пожарникарските екипи и денеска продолжуваат со напорите за ставање под целосна контрола на големиот шумски пожар што избувна на грчкиот остров Парос. Иако ситуацијата е подобрена, властите предупредуваат дека силниот ветер и активните жаришта сè уште претставуваат сериозна опасност, објави „Катимерини“.Пожарот избувна во вторник во близина на депонијата во областа Камби, а во текот на ноќта се прошири кон Агаирија и Трипити, на југозападниот дел од островот.Портпаролот на противпожарната служба