
Дигитални свидителства годинава ќе има само за основците од прво до трето одделение, а веќе од следната година ќе бидат за сите одделенија, изјави Министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Таа во одговор на новинарско прашање рече дека дигитализацијата е од исклучително значење за нашата земја и дека Министерството ја спроведува најмногу што може.
Според неа годинава оделе со дигитални свидителства само за првите три одделенија во основно образование за да не се случи некое дете да остане без свидителство поради недоволна опременост на училиштата.
-Би сакала да им честитам на сите ученици и наставници за успешен крај на учебната година, која е подобра од минатата и има релевантни показатели кои кажуваат дека тоа е така. Дигиталните свидителства ги воведуваме од оваа година од прво до трето одделение, следната година од четврто до шесто одделение. Околу 20.000 наставвници ги обучувавме на кој начин да се справат со дигитализацијата и не сите наставници, иако минаа обуки постои возрасна разлика и други разлики се спремни во еден момент да ја завршат обврската која им е дадена. Обезбедивме електронски печати, обезбедивме електронски потписи и да не се случи во некое училиште кое е помалку опермено децата да останат без свидителства за овие три одделенија имаме како што го нарековте хибриден систем. Од следната година сите ќе бидат дигитални, изјави Јаневска.
Е.Б.