
Седумдесет и тригодишен жител на скопското село Грушино починал по тешка несреќа со трактор што се случила во понеделникот попладне.
Од СВР Скопје информираат дека на 8 јуни околу 19 часот од приватна здравствена установа во село Арачиново било пријавено дека кај нив бил донесен починат И.Ш. (73) од село Грушино.
Според изјавата на неговиот брат, несреќата се случила при стартување на трактор на кој била прикачена собирачка за сено. Возилото во моментот било оставено во брзина, поради што почнало да се движи, а собирачката го зафатила 73-годишникот.
Тешко повредениот маж бил пренесуван кон здравствена установа, но им подлегнал на повредите на пат до болницата.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на семејството.
The post ГО СТАРТУВАЛ ТРАКТОРОТ, А ПОТОА СЕ СЛУЧИЛ ХОРОР Собирачка за сено усмртила жител на Грушино appeared first on plusinfo.mk.