
„Го слушам звукот на експлозијата секојпат кога ќе ги затворам очите“: Прва фотографија и потресно сведоштво на Србинот што за малку ќе излеташе од авионот на Ryanair
„Жив сум благодарение на сигурносниот појас и на Божјата волја.“ Со овие зборови Љубиша Каровиќ (61), патникот кој беше тешко повреден при драматичниот инцидент на летот од Солун кон Минхен, првпат јавно проговори за моментите што, како што вели, никогаш нема да може да ги заборави.
