Тројца жители на скопското село Грчец се лишени од слобода поради сомнение дека пресретнале, физички нападнале и противправно одвеле 36-годишен маж од село Семениште.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 13 јуни во 14 часот полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Р.Б. (45), М.Б. (36) и Б.Б. (34), сите од село Грчец, општина Сарај.Според пријавата, поднесена на 12 јуни во 21:30 часот, Д.Е. (36) од село Семениште пријавил дека истиот ден околу 14 часот на подрачјето на Карпош бил пресретнат додека управувал „мерцедес“.„Тројцата со патнички возила ‘хјундаи’, ‘фолксваген тигуан’ и ‘фолксваген пасат’ го пресретнале и запреле неговото возило, по што Р.Б. физички го нападнал и му нанел тешки телесни повреди“, соопшти МВР.Според пријавеното, по нападот тој бил внесен во едно од возилата и однесен најпрво на автоплац во Карпош, а потоа бил оставен во селото Шишево.По преземени мерки и активности, полицијата ги пронашла и привела осомничените во полициска станица.Од МВР велат дека по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.Го пресретнале со возила, го претепале и го однеле во Шишево: тројца жители на Грчец се приведени
Тројца жители на скопското село Грчец се лишени од слобода поради сомнение дека пресретнале, физички нападнале и противправно одвеле 36-годишен маж од село Семениште.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 13 јуни во 14 часот полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Р.Б. (45), М.Б. (36) и Б.Б. (34), сите од село Грчец, општина Сарај.Според пријавата, поднесена на 12 јуни во 21:30 часот, Д.Е. (36) од село Семениште пријавил дека истиот ден околу 14 часот на подрачјето на Ка...
Тројца жители на скопското село Грчец се лишени од слобода поради сомнение дека пресретнале, физички нападнале и противправно одвеле 36-годишен маж од село Семениште.Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 13 јуни во 14 часот полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Р.Б. (45), М.Б. (36) и Б.Б. (34), сите од село Грчец, општина Сарај.Според пријавата, поднесена на 12 јуни во 21:30 часот, Д.Е. (36) од село Семениште пријавил дека истиот ден околу 14 часот на подрачјето на Карпош бил пресретнат додека управувал „мерцедес“.„Тројцата со патнички возила ‘хјундаи’, ‘фолксваген тигуан’ и ‘фолксваген пасат’ го пресретнале и запреле неговото возило, по што Р.Б. физички го нападнал и му нанел тешки телесни повреди“, соопшти МВР.Според пријавеното, по нападот тој бил внесен во едно од возилата и однесен најпрво на автоплац во Карпош, а потоа бил оставен во селото Шишево.По преземени мерки и активности, полицијата ги пронашла и привела осомничените во полициска станица.Од МВР велат дека по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.