Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, во интервју за руски медиуми остро ги коментираше изјавите на германскиот канцелар Фридрих Мерц за лидерската улога на Германија во Европа, упатувајќи му остра порака.

Лавров изјави дека Русија во моментов, според неговите зборови, води борба против „директните наследници и потомци на нацистите“.

– Се бориме против директните потомци на нацистите. Тоа се истите луѓе. Канцеларот Фридрих Мерц отворено вели дека повторно ќе бидат на власт во Европа. Ако сте толку отворени, бидете подготвени – изјави шефот на руската дипломатија.

Лавров понатаму оцени дека Западот го спасил нацизмот, кој, како што рече, го уништувал Советскиот Сојуз, додавајќи дека Русија сега „ја довршува таа работа“.

Тој истакна и дека е горд на реакцијата на руските граѓани кон, како што наведе, обидите на нацистите да го поткопаат руското општество.

Изјавите на Лавров доаѓаат во време на продолжени тензии меѓу Русија и западните земји, како и засилена реторика меѓу Москва и европските лидери.

The post 📽️ ГО ОБВИНИ ЗА НАЦИСТИЧКИ АМБИЦИИ И МУ ПОРАЧА ДА БИДЕ ПОДГОТВЕН Лавров жестоко го нападна Мерц appeared first on plusinfo.mk.