
Лидерот на единствената политичка партија на Македонците во Албанија ќе претстави резолуција за заштита и унапредување на правата на македонското малцинство во Албанија. Васил Стерјовски, претседатели на МАЕИ, ќе ја образложи предложената резолуција пред делегатите на Генералното собрание на Европската слободна алијанса (ЕФА), што ќе се одржи во Гандија, Шпанија.
Од МАЕИ велат дека учеството на партијата на Генералното собрание на ЕФА претставува значајна можност за афирмација на прашањата и предизвиците со кои се соочува македонското национално малцинство во Албанија пред европската јавност и институции.
Македонска алијанса за европска интеграција стана полноправна членка на ЕФА во 2024 година.
ЕФА е европска политичка партија која ги обединува и претставува регионалните, автономните и малцинските политички партии во Европа и е застапена во Европскиот парламент.
The post ГЛАСОТ НА МАКЕДОНЦИТЕ ОД АЛБАНИЈА ПРЕД ЕВРОПСКИ ДЕЛЕГАТИ Васил Стерјовски ќе предложи Резолуција за малцинските права appeared first on plusinfo.mk.