
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, реагираше на критиките за печатената грешка на новопоставениот знак „Добредојде во Скопје“, оценувајќи дека станува збор за пропуст кој веќе е коригиран и дека неговата исправка нема да предизвика дополнителни трошоци за градскиот буџет.
„Опозицијата очигледно нема ниедна сериозна тема па се занимава со ниски страсти.
Ако нашиот најголем грев е печатена грешка, тогаш сме на одличен пат!

Фото: Фејсбук/Орце Ѓорѓиевски
Жално е што поминаа два градоначалнички мандати и никој не го промени знакот ,,Добредојде во Скопје”, кој руиниран стоеше така со години“, напиша Орце Ѓорѓиевски на социјалните мрежи.
Тој додава дека корекцијата на грешката нема финансиски да го оптовари Градот, бидејќи трошоците ги сноси компанијата што го изработила и поставила знакот преку ЈП „Улици и патишта“.