Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска беше домаќин на претседателката на Република Индија, Драупади Мурму, и на претседателката на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, на свеченото откривање на бистата на Махатма Ганди во Музејот на Град Скопје.Ѓорѓиевски ѝ посака срдечно добредојде на претседателката Мурму, истакнувајќи дека поставувањето на бистата претставува траен потсетник на вредностите што ги застапувал Махатма Ганди – мирот, ненасилството, слободата, вистината и морална