Вчеравечер на емисијата „Вин-Вин“ на „ТВ Телма“ градоначалникот на градот Скопје, Орце Ѓорѓиевски изјави дека уште пред да ја преземе функцијата градоначалник на Град Скопје бил целосно запознаен со состојбата во градот и предизвиците со кои ќе се соочи, за загубите на вода, недостигот од прецизен подземен катастар и бројните други системски проблеми и нагласи дека токму комплексноста на состојбата била еден од клучните мотиви за прифаќање на предизвикот да раководи со градот.

„Нешто што недостасува во Градот Скопје долго време да се изгради систем, според мене тоа значи да немаме ние состојба како град да чекаме милост од централната власт, да еднаш во десетина години а тоа обично се случува кога ВМРО-ДПМНЕ ја има централната власт, така барем историјата покажала, да се обезбедат автобуси или пак еднаш на 10-15 години да се обезбедуваат камиони за комуналната хигиена или пак да биде епохално дело кога ќе обезбедиме контениери за комуналнат хигиена, еве сега обезбедуваме 2 600 контениери а 10 години ако собереме наназад вкупно нема обезбедно градот скопје толкава бројка“, изјави Орце Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека досега таков систем не постоел и дека сега тој  работи на негово воспоставување, со цел институциите во иднина да функционираат континуирано и стабилно кој ќе спречи градот Скопје да дојде во ситуација да не може да ги обезбедува основните услуги за граѓаните.