Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека денеска одржал координативен состанок со скопските градоначалници и Кризниот штаб на Град Скопје, на кој биле разгледани штетите и последиците од силното невреме што вчера го зафати главниот град.Според Ѓорѓиевски, скопските општини ќе формираат комисии пред кои граѓаните ќе можат да ги пријавуваат штетите предизвикани од невремето. Во координација со Град Скопје ќе се врши стручна процена на пријавените оштетувања, по што, согласно з