Малкумина веруваа дека ќе се реализира проектот за реконструкција на спортската сала „Расадник“ во скопска Кисела Вода, изјави градоначлникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

-Проект кој го најавувавме во 2021 година малкумина веруваа дека ќе се случи и дека ќе се реализира. Деннес сме среќни поради тоа што Скопје доби нов Бисер. Во мојата матична општина денес ја отвориме спортската сала Расадник каде минале многу генерации спортисти од Кисела Вода, изјави Ѓорѓиевски.

Тој рече дека објектот од Агенцијата за млади и спорт го презела Општина Кисела Вода и дека реконструкцијата е реализирана со помош на Министерството за спорт и Владата.

Ѓорѓиевски рече дека сите тие процеси подржани лично пд преиерот Христијан Мицкоски и многу му се заблагодари.

Како што беше првично најавено во ноември лани, реконструкцијата на салата чини 120 милиони денари, или околу два милиони евра.