Во Скопје започна акција за засадување 3.500 нови садници, а до крајот на сезоната е планирано нивниот вкупен број да достигне 6.000, најави градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.Според најавата, акцијата ќе ги опфати сите скопски општини, со засадување нови дрвја во постојните и новите паркови, зелените површини долж булеварите и другите јавни простори низ градот.„Секое ново дрво е влог во градот во кој живееме и во иднината на нашите деца. Повеќе сенка за летните денови, почист возду