Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска сподели дека Пречистителната станица за Скопје била најголемиот и најсовремен еколошки проект во Македонија, кој опфаќа изградба на околу 60 објекти и кој треба донесе историска промена во заштитата на Вардар, животната средина и здравјето на граѓаните.

Тој, во објавата појасни дека по првичниот застој, предизвикан од незавршени административни процедури, неусвоени детални урбанистички планови, експропријација на земјиштето и задоцнети плаќања кон изведувачот, изградбата се одвива со забрзана динамика и согласно планираниот работен план, додавајќи дека речиси 40% од градежните работи се веќе завршени.

Тој посочи и дека , завршувањето на градежните активности е предвидено за во првата половина на 2028 година, по што ќе следат две години пробна работа, која треба да заврши во првата половина на 2030 година.

The post Ѓорѓиевски: 40 отсто од градежните работи на прочистителната станица во Скопје се завршени appeared first on Скопско ЕХО.