Новак Ѓоковиќ поминува интересни денови во Њујорк по промоцијата на неговиот документарен филм.

На кошаркарски паркет тој успеа да погоди три тројки во низа од различни позиции, а видеото беше објавено и на официјалната страна на НБА.


Се очекува Ѓоковиќ вечерва да биде присутен и на финалето на Светското првенство во кое од 21:00 часот по средноевропско време ќе играат Шпанија и Аргентина.

Под видео снимката на кое Ѓоковиќ игра кошарка, еден навивач му напишал: „Дојди во Црвена звезда, брате“, на што тенисерот одговорил: „Хахаха, подготвен сум, брате!“.

Познато е дека Ѓоковиќ е голем навивач на Црвена звезда.

The post 🎥 ЃОКОВИЌ ДАДЕ ТРИ ТРОЈКИ ОД РАЗЛИЧНИ ПОЗИЦИИ Навивач го повика да игра за Црвена звезда appeared first on plusinfo.mk.