
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва присуствуваше на одбележувањето на 36-годишнината од основањето на Општинскиот комитет на партијата во Центар.
Осврнувајќи се на историјата на Општинскиот комитет, истакна дека изминатите 36 години биле исполнети со предизвици, борба, премрежја, истрајност и со заедништво.
Тој посочи дека низ децениите повеќе генерации оставиле свој белег во партиското делување.
Изрази вербата во иднината на Центар и Македонија.
„Продолжуваме обединети, со нова енергија, посветеност и јасна визија за иднината. Пред нас се нови предизвици, нови успеси и уште многу работа за граѓаните на Центар. Со заедништво и посветеност ги градиме темелите за следните победи“ напиша Мицкоски на Фејсбук.
The post ГИ ГРАДИМЕ ТЕМЕЛИТЕ ЗА СЛЕДНИТЕ ПОБЕДИ Мицкоски на прослава на партискиот комитет во Центар appeared first on plusinfo.mk.