Германската влада подготвува закон со кој ќе може привремено да ги ограничи цените на бензинот и дизелот доколку тие растат значително побрзо отколку во останатите земји од Европската Унија.Предлогот го подготвила министерката за економија Катерина Рајхе, а според нацрт-законот, мерката би можела да се активира доколку цените на горивата во Германија бележат натпросечен раст во текот на три последователни недели, објави „Шпигел“.Ограничувањето би можело да трае најмногу три месеци, но примената