Со едукативни работилници, предавања и театарски претстави, Општина Центар го одбележа Меѓународниот ден против насилството и булингот во училиштата, насочувајќи ги активностите кон рано препознавање и спречување на врсничкото насилство.Во Младинскиот центар „Матично“ беа организирани работилници за родители, наставници и стручни соработници, предводени од проф. д-р Татјана Стојаноска Иванова. Учесниците разговараа за препознавањето на насилството, соодветното реагирање и улогата на семејството