Русија и Белорусија се подготвени да ги употребат сите расположиви средства, вклучително и нуклеарно оружје, за да ја заштитат Федералната држава, изјави рускиот заменик-министер за надворешни работи Михаил Галузин.

Галузин нагласи дека формите на соработка меѓу вооружените сили и безбедносните структури на Русија и Белорусија постојано се подобруваат.

Тој нагласи дека двете земји се подготвени да ги употребат „сите средства, вклучително и нуклеарните“, за да ја обезбедат безбедноста на Федералната држава Русија и Белорусија.

Текстот Галузин: Подготвени сме да употребиме нуклеарно оружје е превземен од А1он.