Предизвиците во примарното здравство допрва ќе се зголемуваат, бидејќи Фондот за здрасвтвено осигурување има договор со само 161 матични гинеколози, што според директорот на ФЗО Сашо Клековски е недоволно.

-Имаме 161 договор со матични гинеколози и во однос на бројот на гинеколози сме на дното во регионот. Проблем е географската распореденост на матичните гинеколози, изјави за „Локално“ Клековски.

Тој појасни дека лани за поттикнување на атрактивноста гинеколозите да бидат избрани лекари за пациентките им ја згоемиле капитацијата за 33 проценти.

-Треба да бидеме и тука свесни дека не е проблем во Македонија туку е светски предизвик дека се помалку лекари ќе сакаат да работат на примарно здравство, а многу повеќе ќе сакаат да работат на терциерно ниво, заради професионална позвразаност и заради повисоки примања, тоа е сосема легитимно. Предизвиците на примарната здравствена заштита опрва ќе се зголемува, изјави Клековски.

Тој на денешната прес конференција најави дека ФЗО ги намалува цените на ХПВ тестирањето и ликвид ПАП тестовите. Референтната цена за ХПВ генотипизација се намалува од 5.500 на 3.310 денари, односно за 39,8%. Партиципацијата која ја плаќа пациентот се намалува од 550 на 350 денари.

-Матичните гинеколози според целите поставени од Фондот годишно треба да повикаат 140.000 жени на тест зарано откривање на рак на грло на матка. Нашите потдатоци покажуваат дека се прегледани 70,926. Со тоа што овде не влегуваат жените кои се прегледуваат кај приватни гинеколози, ниту пак оние на кои вакви прегледи им се вклучени во ситематските прегледи, изјави Клековски.

Фото: Локално

Појасни дека за целосна замена на ПАП тестовите со ХПВ типизација засега не се во можност да ја реализираат, бидејќи и многу побогати земји скринингот не ги прават со овие скапи тестови иако се најпрецизни. Ликвид ПАП тестовите пак, како што објасни Клековски, има можност да се прават со само земање на тестот и читање на резултатите да се прави со вештачка интелигенција, со што ќе заштедат и средства, а ќе им помогне во надминување на недостигот на лекари. Засега овие тестови се прават само на Клиниката за гинекологија и акушшерство.

Референтната цена на ликвид ПАП цитологија се намалува од 2.200 на 1.250 денари, односно за 43,2%. Партиципацијата се намалува од 250 на 150 денари. Намалената цена за ХПВ втестовите е воведена во мај, а од денес новата цена на ликвид ПАП тестовите.

Конвенционалниот ПАП тест останува на постојната цена од 600 денари, без промена.

Од ФЗО велат дека анализата покажува дека со задржување на истото ниво на финансирање, бројот на достапни тестирања значително се зголемува. ХПВ тестирање: од 13.466 тестови на 22.375 тестови годишно, а на ликвид ПАП цитологија од 2.427 тестови на 4.271 тест годишно.

-Со оваа мерка не само што ги намалуваме трошоците за осигурениците, туку создаваме услови значително поголем број жени да бидат опфатени со современи превентивни тестирања. Нашата цел е средствата што ги обезбедува Фондот да се користат поефикасно, а здравствените услуги да бидат подостапни за граѓаните. Раното откривање на болестите спасува животи и затоа вложувањето во превенција останува еден од нашите приоритети, истакна Клековски.

Е.Б.