Смртта на шпанскиот фудбалер Хесус де Мигел (30), кој почина по тежок судир со голманот за време на натпреварот меѓу Тенерифе и Андора, ја потресе фудбалската јавност.

Напаѓачот на Тенерифе изгуби свест по силен удар во градите, а и покрај напорите на лекарите, почина откако беше пренесен во болница.

Трагедијата во Шпанија потсети на некои од најмрачните моменти во историјата на фудбалот. Во текот на изминатите децении, неколку познати фудбалери ги загубија животите откако колабираа на теренот, пред очите на соиграчите, противниците и илјадници гледачи.

Меѓу нив имаше репрезентативци, освојувачи на европски трофеи и млади играчи пред кои стоеја уште многу години живот и професионална кариера. Иако околностите на нивните смртни случаи се различни, заедничко им е тоа што борбата за живот се одвивала за време на натпреварот или веднаш откако биле изнесени од теренот.

Последната трагедија се случи на натпревар од шпанското првенство меѓу Тенерифе и Андора.

Кон крајот на натпреварот, голманот на гостинскиот тим, Хесус Овоно, истрча од својот гол за да интервенира, но притоа дојде до силен судир со напаѓачот на Тенерифе, Хесус де Мигел.

По ударот, Де Мигел остана неподвижен да лежи на тревата, а медицинските екипи веднаш втрчаа на теренот.

Натпреварот беше прекинат, додека фудбалерот итно беше пренесен во болница.

И покрај напорите на лекарите, шпанскиот напаѓач почина.

Веста за неговата смрт предизвика бројни реакции и изрази на сочувство низ шпанскиот фудбал.

За разлика од повеќето претходни случаи, во кои фудбалерите колабираа без контакт со противник, смртта на Де Мигел беше предизвикана од директен судир за време на борба за топката.

Текстот Фудбалер (30) го загуби животот по судир со голман е превземен од А1он.