Сојузот на средношколци и студенти во Франција денес, пред почетокот на протестот во Париз, повикаа на блокада на образовните институции од следниот вторник, пишува парискиот весник „Монд“.

Портпаролката на Синдикатот на студенти, Сабрин Карбаш, повика на блокада на универзитетите и средните училишта од вторник, а за четврток, 5 ноември, најави студентски демонстрации на повик на работниците што штрајкуваат.

Според двата синдикати, француската влада сè уште не одговорила конкретно на барањата на младите луѓе, кои бараат подобри услови за образование.

Денес низ цела Франција се одржуваат протести поради високите цени на производите и трошоците за живот, а распоредени се 70.000 припадници на полицијата и жандармеријата, јавуваат тамошните медиуми.