
Пред почетокот на финалниот натпревар на Светското првенство во фудбал, се одржа раскошна церемонија на затворањето, која собра десетици илјади навивачи на стадионот во Њујорк и Њу Џерси. Организаторите подготвија богата музичко-забавна програма со која се спушти завесата на уште едно издание на најголемото фудбалско натпреварување.
View this post on Instagram
Програмата ја отворија американскиот музичар Пост Малоун и еден од најпознатите стримери во светот, IShowSpeed, чиј настап ја подигна атмосферата на трибините и ја загреа публиката пред почетокот на финалниот двобој помеѓу Аргентина и Шпанија.
View this post on Instagram
По нив, на сцената се качи повеќекратно наградуваната американска пејачка и актерка Џенифер Хадсон, која ја изведе американската национална химна. Хадсон се прослави пред повеќе од две децении со учеството во емисијата „Американски идол“, а во текот на својата кариера го изгради статусот на една од најуспешните пејачки, актерки и продуцентки на денешницата.
Централниот музички момент на вечерта им припадна на Роби Вилијамс, Лаура Паусина и Никол Шерцингер, кои заедно ја изведоа песната „Desire“, официјалната химна на Светското првенство. Вилијамс минатата година ја издаде првата официјална химна на ФИФА и стана прв музички амбасадор на ФИФА, додека Шерцингер премиерно ја изведе песната со него во текот на ждрепката за Светското првенство во 2026 година во Вашингтон. Италијанската ѕвезда Лаура Паусини им се придружи изведувајќи дел од песната на шпански јазик, со што настапот доби дополнителна меѓународна нота.
View this post on Instagram
Во завршницата на церемонија на насобраните им се обрати холивудскиот актер Том Круз. Во инспиративен говор, тој ги спомена сите земји домаќини на Светското првенство и се осврна на најважните моменти од турнирот, истакнувајќи го единството, страста и емоциите што фудбалот им ги носи на милиони навивачи низ целиот свет.
View this post on Instagram
Фронтменот на бендот „Колдплеј“ Крис Мартин се обрати на шпански јазик пред публиката на финалето на Светското првенство во фудбал, поттикнувајќи ги сите да пеат, танцуваат и да се забавуваат за време на полувремето.
View this post on Instagram
Спектакуларната церемонија беше достојна увертира во финалето, а комбинацијата од музика, забава и спорт уште еднаш покажа зошто Светското првенство е еден од најголемите глобални настани.