Пејачката Ријана (38) ја претстави новата празнична колекција долна облека од својот бренд „Саваж Икс фенти“, а за кампањата повторно позираше сама. На Инстаграм објави серија провокативни фотографии со кои го привлече вниманието на своите следбеници.

Музичката ѕвезда Ријана позираше опкружена со елки и подароци, носејќи црвено-црно чипкасто боди со длабоко деколте и танга. Изгледот го надополни со високи чорапи и црни чевли со високи потпетици. На една од фотографиите, Ријана му позирала на фотоапаратот свртена со грб и го покажала задникот во празничното боди-танга.

„Бидејќи заслужувате нешто посебно оваа празнична сезона“, напиша пејчката покрај објавата.

Фотографиите предизвикаа бројни реакции на социјалните мрежи, а обожавателите не престанаа со комплименти во коментарите.

„Прежешка си!“, „Среќен Божиќ, мама!“, „Навистина си многу, многу убава жена, љубов моја“, коментираат обожавателите покрај нејзината објава.

Ријана го лансираше брендот за долна облека „Саваш Икс фенти“ во 2018 година, а денес тој се проценува на над една милијарда долари.

Една година претходно, таа го основаше козметичкиот бренд „Фенти бјути“, кој исто така постигна голем успех. Според претходните извештаи, брендот остварил приход од приближно 100 милиони долари во текот на првите 40 дена од работењето.

Иако во последните години повеќе им се посвети на деловните проекти и на своето семејство, Ријана продолжува да привлекува големо внимание на јавноста. Таа со години е во врска со музичарот АСАП Роки со кого има три деца.