
Веста за смртта на легендарниот пејач Мишо Ковач го потресе целиот регион, а бројни колеги, пријатели и обожаватели се збогуваа со музичкиот великан.
Меѓу нив е и Здравко Чолиќ, кој сподели емотивна порака на социјалните мрежи посветена на колегата чии песни обележаа генерации.
Чолиќ објави црно-бела фотографија од Мишо Ковач на својот официјален профил на Инстаграм, заедно со кратка, но моќна порака во која покажа колку неговото музичко дело значеше за генерациите пејачи.
View this post on Instagram
– Сите почнавме со твоите песни и преку нив ќе живееш засекогаш во нас – напиша Чолиќ и додаде емотикон со црвено срце.
Да потсетиме, Мишо Ковач почина во саботата, 31 октомври, во својот дом во Сплит.
Мате Мишо Ковач ќе биде погребан на гробиштата Мирогој во Загреб, покрај неговиот син Еди, кого го загуби во 1992 година, кога имаше само 16 години.
Еди беше син на Мишо Ковач и неговата тогашна сопруга Анита Батурина.