
Поранешното момче на Тејлор Свифт се ожени со моделот Габриел Бехтел, само две недели откако славната пејачка се омажи со Тревис Келси.
Фронтменот на групата „1975“, Мети Хили, и моделот Габриел Бехтел, во саботата се венчаа во Лос Анџелес. Хили (37) и Бехтел (28) се во врска од септември 2023 година.
View this post on Instagram
Нивната свршувачка беше потврдена во јуни 2024 година од мајката на Хили, актерката Дениз Велч, која во тоа време изјави дека „не може да биде погорда или порадосна“ за нивната среќа.
Пред свадбата, Мети Хили организираше незаборавна ергенска забава. Тој настапи со трибјут бендот „9075“, кој изведува песни од неговата група. На социјалните мрежи се појавија видеа од нивното заедничко изведување на хитот „The Sound“ на забава во Малибу.
Додека, пак, Габриел ја прослави својата моминска забава минатиот месец.
Веста за свадбата на Хили дојде само две недели откако неговата поранешна девојка, Тејлор Свифт, се омажи за американскиот спортист Травис Келси.
Тејлор Свифт и Мети Хили беа во кратка врска во 2023 година, откако пејачката раскина со шестгодишната врска со актерот Џо Алвин. Во тоа време, странските медиуми пишуваа дека нивната романса штотуку започнува и дека се многу заљубени.
View this post on Instagram
Изворот тврдеше во тоа време дека поради бројните работни обврски, тие најчесто одржувале контакт преку видеоповици и пораки, но дека едвај ја чекале следната средба. Сепак, нивната врска не траеше долго, а еден месец подоцна странските медиуми објавија дека раскинале.
View this post on Instagram
(@mattyugh)