
Пејачката Сиа (50) неодамна беше фотографирана на прошетка во град, а луѓето беа шокирани кога го видоа нејзиното вистинско лице. Таа не е истата личност без перика и импресивна шминка.
Сиа е повеќе од пејачка, таа е сценска уметница која ја краси и стас и глас, а луѓето ширум светот ја обожаваат поради нејзините необични костими и перики што секогаш ги користи за да го покрие своето вистинско лице.
View this post on Instagram
Но, фотографите неодамна ја фотографираа во сосема обична прошетка во Лос Анџелес во друштво на својот двегодишен син Самерсолт Вондер.
Наместо впечатливата облека и периката што го крие нејзиното лице, таа носела лежерна облека што предизвикаа вистинско изненадување кај фановите. Фотографиите стигнаа до мрежите, а ние имавме можност да ја видиме пејачката во опуштен балон фустан, кој го искомбинирала со розов качкет.
Sia ditches signature disguise for rare barefaced outing in LA https://t.co/kZSTxY4F0o pic.twitter.com/JeqkaPRSZ2
— Page Six (@PageSix) June 9, 2026
Фотографиите предизвикаа вчудоневиденост, бидејќи, Сиа под светлата на рефлекторите и Сиа надвор од сцената не е истата личност.
Сиа е позната по тоа што го држи својот приватен живот подалеку од љубопитниот свет, а јавноста беше изненадена кога стана мајка пред две години.
Потоа беше откриено дека таа тајно се развела од својот сопруг, Ден Бернард, и дека во официјалните документи навела „непомирливи разлики“ како причина за разводот. Поранешните сопружници набрзо се најдоа во жестока битка за старателство, за време на која Бернард побара целосно старателство над нивниот син Сомерсолт.
Според судските документи добиени од „Пејџ сикс“, Бернард, кој е онколог по професија, тврдел дека е „единствениот безбеден и сигурен родител“. Тој ја нарекол Сиа „сериозна и непосредна опасност“ за нивното дете.
„Сиа е несоодветен и несигурен родител која се бори со проблеми со зависноста, што ја прави неспособна да пружи безбедна и стабилна грижа за Сами“, се наведува во наводите на Бернард во судските записи. Судијата на крајот го отфрли барањето на Бернард за целосно старателство и им нареди да се придржуваат до претходно договорената спогодба за старателство.
Сиа има уште два сина, кои ги посвои во 2019 година. Пејачката ги посвои непосредно пред да излезат од системот на згрижувачко семејство.