Силното невреме што вчера го погоди Скопје предизвика штета и на еден од најпрепознатливите симболи на градот – часовникот на зградата на Музејот на Град Скопје, кој повеќе од шест децении стои запрен на 5 часот и 17 минути како потсетник на катастрофалниот земјотрес од 26 јули 1963 година.Според информациите, оштетена е стрелката што ги означува минутите, токму онаа што го означува времето од 5:17 часот – моментот кога разорниот земјотрес го погоди Скопје и кога часовникот престана да работи.Не