
Најновата комбинација на принцезата од Велс Кејт Мидлтон воодушеви многумина. Иако нејзиниот стил зависи од кралската титула што ја носи, таа секогаш наоѓа начин да го „разубави“ строгиот кодекс на облекување.
Кејт Мидлтон неодамна присуствувала на забава по повод 125-годишнината од организацијата „Cancer Research UK“, која се занимава со проучување на малигни тумори, но и со обезбедување поддршка на онколошки пациенти.
Принцезата од Велс за таа пригода одлучила да облече фустан што зрачи со чиста елеганција, но и ја нагласува нејзината женственост на уникатен начин. Кејт носела струкиран фустан од американската модна куќа „Родарте“, кој е украсен со големи раменици, но и со безвременски дезен – точки.
View this post on Instagram
Овој црвен модел е направен од свила и со својот добро осмислен крој буди романтични спомени на модата од 80-тите. Белата јака, ременот во истата боја и декоративниот цветен брош оставаат посебен впечаток, бидејќи му даваат на целиот изглед доза на ретро шарм.
Фустанот, кој вреди околу 1.780 евра, привлекол внимание и поради изборот на дизајнерот. Наместо британски бренд, принцезата од Велс се одлучила за американската модна куќа.
Овој потег многумина го протолкуваа како нејзин личен избор, бидејќи членовите на кралското семејство, генерално, избираат домашни дизајнери за посебни настани.
Кејт ја надополнила комбинацијата со црвени салонки од Џанвито Роси, елегантна црвена чанта од „Миу Миу“, како и накит со рубини и дијаманти.
View this post on Instagram