
Дуа Липа уште еднаш покажа дека знае како да привлече внимание со своите модни избори, а овој пат Ноќта на вештерките беше совршена пригода за издание обележано со готика, провокативна чипка и мрачен гламур.
Пејачката Дуа Липа покажа како ја прославила Ноќта на вештерките, а нејзиниот костим привлече внимание бидејќи се вклопува со неколку големи модни трендови оваа есен. За излегување со својот сопруг, актерот Калум Тарнер, таа избрала храбра црна комбинација, која, како што открила, дека ја составила во последен момент.
Дуа објави серија фотографии од прославата на Инстаграм, на кои позирала во проѕирен црн фустан со детали од чипка и горен дел во облик на корсет. Под него носела црна долна облека, а преку фустанот префрлила долга, волуменозна бунда од вештачко крзнено. Комбинацијата ја надополнила со ѓердан со голем црн крст, темен кармин и распуштена коса.
View this post on Instagram
Иако станува збор за костим за Ноќта на вештерките, нејзиното издание следи неколку актуелни трендови, вклучувајќи проѕирни ткаенини, чипка, облека инспирирана од долна облека и готска романса.
Модните профили на социјалните мрежи открија и какви парчиња носела Дуа. Фустанот наводно е од колекцијата есен/зима 2026 на Лу де Бетоли, додека огрлицата со крст е винтиџ парче од „Гучи“ од колекцијата есен/зима 2002.
За разлика од Дуа, која избрала погламурозен костим, нејзиниот сопруг Калум Тарнер се одлучил за поедноставна комбинација со впечатлив детаљ. Носел облека во неутрални тонови и маска на кловн инспирирана од видео играта Payday.
Двојката ја поминала вечерта во друштво на пријатели, а пред да одат на забавата уживале во заедничката вечера.
„Кога вашиот костим за Ноќта на вештерките ќе се состави пет минути пред да излезете од дома“, напишала Дуа во описот на објавата.
Нивното заедничко излегување доаѓа во време на растечки шпекулации дека Тарнер би можел да стане следниот Џејмс Бонд. Според пишувањето на британскиот весник „Дејли мејл“, актерот е меѓу главните кандидати за улогата на агентот 007, кој последен пат го играше Даниел Крег.
Дуа Липа и Калум Тарнер се заедно од почетокот на 2024 година, а пејачката ја потврди нивната свршувачка во јуни 2025 година. Тие се венчаа на 31 мај 2026 година на интимна церемонија во Лондон, а неколку дена подоцна организираа раскошна свадбена прослава на Сицилија.