Ева Величковска (20) е новата претставничка на Македонија на престижниот избор за Мис на светот 2026, кој годинава ќе се одржи во Виетнам.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by MISS MACEDONIA (@missmacedoniaorg)

„Патот до Miss World 2026 започнува! Со гордост ја најавуваме нашата претставничка @velickovskaae, која ќе ја претставува Македонија на најпрестижниот светски избор за убавина – Miss World 2026, што ќе се одржи во Виетнам. 🇲🇰. Ти посакуваме успех, инспиративно патување и блескав настап на светската сцена!“, објавија на социјалните мрежи од организацијата „Мис Македонија“, носител на лиценцата за националниот избор.

Величковска на една објавените фотографии носи елегантен црвен свечен фустан со раскошен горен дел, додека на другата – сребрено-сива тоалета проткаена со циркони и светки.