Актерската легенда Вилијам Шатнер и неговата ќерка Мелани Шатнер Греч открија дека двајцата се соочувале со тешка дијагноза на рак во последните неколку години.

И двајцата се лекувале од четвртиот стадиум на болеста, а во интервју за магазинот „Пипл“, тие раскажале како си помагале еден на друг во најтешките моменти и како целото искуство им го променило погледот кон животот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)

Двоен удар за семејството

Сè започнало пред три години, кога Мелани (61) поминувала низ многу тежок период во текот на хемотерапијата поради ракот на дојка.

– Бев вон себе. Му се јавив на татко ми среде ноќ и му реков дека мислам дека умирам – се присетила таа.

Само 15 минути подоцна, Вилијам Шатнер (95) пристигнал пред нејзината врата.

– Ме прегрна како што ме прегрнуваше кога бев мала. Ми рече: „Ова е само една фаза од твојот живот. Ќе го пребродиш ова и еден ден ќе биде само спомен – рекла Мелани.

Но, додека нејзиното здравје почнало да се подобрува, во јуни 2023 година, семејството го погодило нова тешка вест. На Шатнер му бил дијагностициран малиген меланом во четвртиот стадиум, кој се проширил на неговите бели дробови и мозок.

– Се сеќавам дека си помислив дека немам сила да се грижам за себе и истовремено да гледам како го губам татко ми – рекла Мелани.

Шатнер, меѓутоа, и во таа ситуација го задржал својот оптимистичен поглед на животот.

– Ми рекоа: „Имате рак. Да дојдевте подоцна, немаше да преживеете“. Ете, тоа е мојот живот. Верувам дека универзумот внимава на мене – рекол актерот најпознат по улогата на капетанот Кирк во серијата „Ѕвездени патеки“.

Тешко лекување и закрепнување

Мелани случајно ја почувствувала грутката на градите во јули 2022 година, иако само пет месеци претходно имала уреден наод на мамографијата. Побарала дополнителни прегледи, а ултразвукот покажал промена на местото што самата го покажала. „

– Техничарката ја стави сондата точно таму каде што ѝ покажав и тивко рече: „Ова сигурно би го пропуштила“ – рекла таа.

Прегледите потврдиле HER2-позитивен рак на дојка. Во текот на следната година и пол, таа поминала низ хемотерапија, двојна мастектомија и 30 циклуси зрачење.

Во истото време, лекарите почнале да се сомневаат и на промената на образот на Шатнер. Откако неговиот матичен лекар му кажа дека можеби станува збор за затната жлезда, пријател пластичен хирург го советувал да ја отстрани.

Се покажало дека е тумор. По операцијата следеле две години имунотерапија поради метастази што се прошириле на белите дробови и мозокот.

Шатнер во текот на лекувањето на ќерката Мелани ѝ бил голема финансиска поддршка.

– Ми рече: „Не грижи се за парите, само праќај ми ги сметките“ – рекла Мелани.

Таа додала дека нејзиниот татко се обидувал да ја насмее дури и во најтешките моменти.

– По една година, ми рече: „Мора да оздравиш, инаку ќе банкротираме!“ – се присетила таа со смеа.

Нов поглед на животот

До крајот на 2024 година, и Вилијам и Мелани добиле добри вести и биле прогласени за здрави без знаци на болеста.

Тешкото искуство целосно ги променило нивните приоритети.

– Размислувам за чудото на колибрите, моето куче, моите деца. Свесен сум за убавината на сè што нè опкружува – рекол Шатнер.

Тие одлучиле да го споделат своето искуство со другите преку новиот поткаст „No Time but Now“, во кој ќе разговараат со здравствени експерти и луѓе кои поминале низ тешки животни ситуации.

– Победата над ракот ми го промени животот. Повеќе не се плашам. Чувствувам голема слобода и радост – рекла Мелани.

Шатнер, кој сè уште активно работи и планира да издаде нови книги и музички албуми, вели дека денес се чувствува подобро отколку пред години.

– Поздрав сум отколку што бев со години. Мозокот е како мускул, мора да го користите постојано – порачал тој.

„Наследството не се работите што ги оставаме зад себе“

Таткото и ќерката се свесни колку е минлив животот. Мелани во разговорот му рекла на својот татко дека верува дека ќе го надживее.

– Ако одиш пред мене, нема да се плашам бидејќи знам дека ќе бидеш таму да ме пречекаш – му рекла таа.

Шатнер на тоа одговорил во свој стил: „Тоа е огромна одговорност“.

Зборувајќи за наследството што сака да го остави зад себе, актерот не ја спомнал слава ниту материјални работи.

– Статуите паѓаат еден ден. Она што останува се добрите дела и помагањето на другите. Тоа е она што трае низ времето – заклучил тој.